Каратистите од основните училишта на Битола ОУ „Стив Наумов”, ОУ „Елпида Караманди„ ОУ„Климент Охридски”, ОУ„ Даме Груев” Долно Оризари и ОУ „Гоце Делчев” настапија на УЧИЛИШНИОТ ДРЖАВЕН КАРАТЕ НАТПРЕВАР, предводени од проф. Весна Гецовска со комплетна подршка од сите наведени училишта како и ОСУС-БИТОЛА.

Во исклучително силна конкуренција Емилија Илковска после три победи се закити со сребрен медал во категорија осмо и деветто одделение женски. Оваа победа на Емилија Илковска од ОУ„ Климент Охридски” Битола и донесе можност за стипендија како и учество во летен камп. Горди сме сите како битолчани бидејќи Битола веќе е град кој има каратисти од највисок ранг.