Повеќе години по ослободувањето 1 Мај во Битола се прославуваше во вистинска смисла на зборот. Атмосферата беше свечена. Се правеше организирана колона од луѓе и возила, секогаш утврдена маршута, од Офицерскиот дом кон центарот на Битола и секогаш завршуваше кај стариот театар со свечена програма пред насобраниот народ. На чело од поворката чекореше Воената музика свирејки борбени песни и други свечени маршеви.

Секоја фабрика и претпријатије од градот, со свои вработени качени на отврените возила презентираа дел од својата дејност и најновите достигнувања, а вежбачите изведуваа свои вежби на справи. Еден од нив беше Јонче- наставникот по фискултура во училиштето ,,Гоце Делчев“, кој поминати години, цело време на разбојот качен на отворен камион изведуваше свои вежби. Граѓаните излезени на своите балкони украсени со државни знамиња и црвени дифтици префрлени преку балконите, кликаа и му ракоплескаа на луѓето насобрани околу бината пред стариот театар, во очекување на уметничка и забавa од колоната. Останатите граѓани веќе беа на програма.

Покрај оркестарот на Радио Битола, со своите пејачи учествуваше и оркастарот на КУД „Илинден“ со свои познати пејачки имиња како што се Томислава Секулова, Петар Кочовски и други. И јас во 1960 година со виолината имав настапено на прославата на мај на ината пред стариот театар, со Панде Коминовски-Пашата на хармоника и пејачот Петар Кочовски. Драга ми коли
фотографија со оркестарот на КУД Илинден. На крајот од програмата секој си одеше дома на веќе приготвениот свечен ручек.

Слободан Димитров