Тале Огненовски е првиот Македонец кој уште во 1956 г. настапил во престижната сала во Њујорк. Роден на 27 април 1922 г. во битолското село Брусник , Битола – почина на 19 јуни 2012, во Скопје е голем македонски музичар и композитор, најпознат како кларинетист, но свирел и на гајда, зурла и тапан. Тој е еден од најзначајните ликови во македонската народна музика чии ора се изведувани во Швајцарија, Франција, Шведска, Финска, Велика Британија, Данска, Австрија.Со ансамблот „Танец“ настапувал на најпознатите концертни сцени во Северна Америка и во Европа со фантастичен успех, а особено се издвојува неговиот концерт во престижната концертна сала „Карнеги хол“ (Carnegie Hall) во Њујорк во 1956 година, како прв Македонец кој настапил на таа сцена.За тие настапи се здобил и со извонредни оценки од публиката и критиката од страна на „Њујорк Тајмс“ (New York Times), „Лајф“ (Life), „Л.А. Тајмс“ (LA Times).Тале Огненовски е композитор или аранжер на 300 македонски ора, композитор на концертот за кларинет “Tale Ognenovski Concert for Clarinet No. 1” и на 12 џез композиции: