Светиот апостол Тома е еден од дванаесетте славни Исусови апостоли. Тома на еврејски јазик значи близнак но, во народот е попознат како Неверен Тома поради неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос. Кога по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, овие се растуриле по светот за да го шират Исусовото учење, Тома отишол во Индија. Според преданијата, се претставувал како мајстор-ѕидар, и го проповедал христијанството.

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , а најмногу ѕидарите поради тежината на нивната дејност….

По повод 19-ти октомври, со Вас споделуваме серија интервјуа со дел од одговорните лица во компаниите кои се дел од “BV Bussines Group”.

,,ТОП СТЕЕЛ ДОО” како дел од ,, BV Bussines Group” е фирма со широко поле на дејствување.


Ве молам, објаснете, кои се главните дејности на вашата компанија?

Прозиводите кои ги нудиме се примарно за употреба во градежништвото,индустрискиот сектор и индивидуалните објекти. Но, флексибилноста на производствениот процес и нашето размислување за иновации ни дава до знаење дека нема ограничување за нашата амбиција.

Новата технологија, во комбинација со идеите на нашите клиенти и иновативното размислување во нашиот тим, продолжува да го менува обликот на процесот на работа.

Новите технологии ги отвораат границите кон сè поиновативна употреба на челикот, благодарение на неговите квалитети на отпор, леснотија, естетски изглед и постојана можност за рециклирање.

Ние Ви нудиме:

• Изработка на челични конструкции

• Монтажа на челични конструкции

• Лимарско покривачки работи

• Одржување на индустриски објекти : ремонт, реконструкција и ревитализација на индустриски објекти и термо енергетски објекти

• Монтажа на секаков вид опрема за индустија (процесни пумпи, линии за производство)

• Цеварски инсталации

Kако Вие во Вашата компанија го одбележувате денот на градежниците?

Работниците за нашата компанија се најзначајната алка како двигател на целокупното работење. Денот на градежните во нашата компанија традиционално го одбележуваме со настан на кој правиме ретроспектива на годината која изминува со тоа утврдуваме во која насока треба да го насочиме усовршувањето на нашите вработени.

Кој е Ваш најзначаен проект ?

Во текот на работењето имаме голем број на прокети кои според својата спецификација се значајни како за нас како релативно ,,млада” компанија на пазарот така и за општеството. Во моментот сме горди што можеме да се пофалиме со проекти кои ги изведуваме надвор од границите на нашата држава.

,,Гео Ад Инженеринг Дооел” Битола како дел од ,, BV Bussines Group” е фирма со широко поле на дејствување.


Ве молам, објаснете, кои се главните дејности на вашата компанија?

Гео Ад Инженеринг е компанија која е основана во 2018та година и се занимава со геодетски работи, секаков вид на геодетски мерења, инженерска геодезија, изработка на геодетски елаборати, консултација и решавање на катастарски проблеми. Составена е од млад но искусен тим, кој располага со висококвалитетна и современа опрема, и е подготвен брзо и квалитетно да одговори на професионалните предизвици од областа на геодезијата.

Kако Вие во Вашата компанија го одбележувате денот на градежниците?

Денот на градежниците за нас има посебно значење како дел од градежната фела, кој е посветен на признание и почитување на трудот на сите професионалци во градежната индустрија. Го одбележуваме со планирање на социјални настани, презентација на успешни проекти, собири за дружење и поттикнување на заедништво и тимска работа помеѓу колегите.

Кој е Ваш најзначаен проект ?

Сите проекти за нас се подеднакво значајни, бидејќи секој од нив носи уникатна вредност, нуди нови предизвици и искуства, како и можности за учење и надоградување на нашиот професионален развој. Адреналинот што со себе го носи успешната реализација е главната водечка сила. Ангажманот и посветеноста на секој наш проект без разлика на обемот и сложеноста, е подеднаква, со цел одржување на стандардот на работа на нашата компанија.