Жарко Пешевски: По подолго време се враќаме во нашиот спортски храм. Имавме тешки натпревати во гости, блиску бевме до подвиг на дел од тие натпревари, но малку и среќата ни го сврте грбот. Без среќа во спортот не може и треба овие натпревари да ни бидат поука како да се подобриме. Агуаш Санташ ме изненади со победата против Бидасоа Ирун, но оваа екипа има квалитет и игра подобро отколку во првиот дел на сезоната. Во Португалија по макотрпна борба ги освоивме бодовите. Спремни сме и, со поддршка од битолската публика, верувам дека ќе се радуваме.

Влегуваме во најважната фаза на сезоната, немаме веќе право на лош ден. Дојдовме тука да покажеме дека заслужуваме да го носиме овој дрес и да гинеме на сите фронтови. Утре е денот Д и со евентуална победа ќе го осигураме местото во Европската лига. Покажавме и против Бутел дека оваа екипа има карактер, дека не играат само имиња. За добар натпревар мора да играш тимски за да дојдеш до бодовите. Ќе биде интересен пролетен дел од сезоната и ќе го покажеме вистинското лице.

РК Еурофарм Пелистер