После официјалното барање на независнаѕа група советници од Поинаку до Елем Турс и ПСК Пелистер за информации околу плановите за функционирањето на ски центарот во сезоната 2022/2023, денеска пристигна одговор во кој се вели дека е постигнат нов договор со кој Елем Турс се обврзува на неколку важни работи за нас како битолчани а воедно и корисници на ски центарот:

– Договорот е склучен со важност од 10 години.
– АД ЕСМ Скопје преку својата фирма-ќерка ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје во иднина планира да инвестира и да го одржува Ски –
центарот Копанки.

Планираните инвестиции се:

– Поставување на затезно и влечно јаже (сајлата на ски лифтот)
– Осветлување на ски-патеките за ноќно скијање
– Изградба на јавни тоалети
– Сигнализација на патеки
– Нов систем за ски-билети
– Обезбедување на снеготапкач – ратрак
– Замена на корпите на жичарата
– Оваа скијачка сезона ќе бидат во функција ски-лифтот и жичарата.

Моментално Ски центарот Копанки нема ратрак и се уште не е наместена сајлата на Горната стаза. Стазата е многу затревена и моментално во лоша состојба и за таа цел, иако не е предизборие како претходната година, независната група Поинаку ги повикува сите заинтересирани субјекти, фирми, јавни, локални и државни претпријатија, битолчани, оваа недела на 9-ти Октомври од 10 часот – ЧИСТЕЊЕ на стазата КОПАНКИ.

Со себе понесете алат и заштитна опрема. Се гледаме на КОПАНКИ !!!