Битола стари фотографии ја имаа таа можност да Ве запознаат со еден настан кој очигледно во Македонија е непознат. Имено во Битола во периодот по 1943 година престојувал и Курт Валдхајм. Оваа негова посета е забележана и од фотографијата која ја објавуваме за што му благодариме на Петар Божинов. Оваа фотографија е периодот по 1943 година кога Курт бил шеф на оддел ABTL 3, (зa борбa против бандите) со чин капетан при Врховната команда на Групата армии е станциониран во Солун.

По завршувањето на војната, Курт Валдхајм беше генерален секретар на ОН од 1972 до 1982 година, додека за претседател на Австрија е избран во 1986 година, и покрај меѓународниот скандал поради неговата служба во СС-единица на германската војска, што во текот на Втората светска војна изврши злосторства во поранешна Југославија.