„Пари“ направи анализа на нашите коцкарници – обложувалници и организатори на игри на среќа. Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека нивните добивки се движат од 78.000 евра до 15,7 милиони евра.

Како што може да се види од податоците, компанијата каде најмногу се остваат пари на апаратите за игра на среќа „Про Бетинг“, односно која лани направила промет од дури 83,7 милиони евра, има „лабава“ добивка од само 78.000 евра. Тоа е вушност и најмалата добивка од страна на компаниите од оваа дејност кои ги анализиравме, направена лани.

Најголемата добивка е направена од страна на Државна видеолотарија на РСМ -КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Таму добивката е дури 15,7 милиони евра. Но, она што е особено интересно е дека оваа добивка е на промет од 67,4 милиони евра, што укажува на тоа дека секој четврти денар од прометот е за профитот на фирмата.

Битолската КЛУБ СПОРТ 77 е дел од оваа анализа кои во 2021 година остварија приход од 11.5 милиони евра прикажувајќи добивка 460.000 евра. За повеќе од ова истражување кај нашите соработници Pari.com.mk