Ракометна Битола го испочитува барањето на Еурофарм Пелистер и направи голем гест пред новогодишните и Божиќните празници за дечињата од ранливите категории.

Подот на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола беше преплавен од плишани играчки за време на дербито со Вардар.

Конечниот резултат беше нерешен 27:27.