Во Битола две години постои пинг понгарскиот клуб Пелагонија. За своите две години постоење клубот успеа за следната сезона да обезбеди пласман во Супер лигата за сениори.
Целта на клубот е работа со млади играчи. Играчите на ППК ПЕЛАГОНИЈА во категорија мини кадети У11 се на првите две места на ранг листата на Пинг понгарската федерација.

На 3 Јуни во Крушево се одржа завршниот Топ 8 турнир.
Кристијан Митев и Андреј Бејковски, играчи на ППК ПЕЛАГОНИЈА ги освоија првите две места.

Зоран Таневски ППК Пелагонија