Парфимерија МЕРКУР, е формирана во 1994 како ексклузивна продавница во срцето на Широк сокак.

Денес се наоѓа на нова локација, на улица Солунска 232 над Камен Мост.

Од своите почетоци до денес, веќе 30 години името МЕРКУР е синоним за квалитетен и беспрекорен избор на производи, квалитетна услуга и промоција на
најактуелни модни трендови.

Познавајќи ги различните вкусови и потреби на своите потрошувачи парфимерија МЕРКУР креира модерна понуда за дефинирање на
вашиот стил и убавина и трансформација на изгледот од природен во гламурозен, од едноставен во софистициран.

Нуди широк асортиман на декоративна козметика и средства за нега на лице тело и коса од различни брендови: Seventeen, Radiant, Mon Reve, Lorvenn како и голем избор на парфеми и модни додатоци и ташни. Сите овие карактеристики ја прават парфимерија Меркур единствено, уникатно, модерно и пријатно место за доживување на модните трендови и креирање на вашиот стил.

Посетете не на новата локација ул.Солунска 232 (над Камен Мост)
секој ден од понеделник до петок од 09.00-20:00 часот и сабота од 10.00-17.00 часот или
бидете секогаш во тек онлајн на www.merkurbeautyshop.mk