Во Буковските гробишта во Битола има еден дел каде почиваат битолските партизани, за некои од нив има и импровизирани гробови бидејќи бугарскиот фашистички окупатор свесно се погрижи „коска” да не остани од нив.(Стив Наумов,Елпида Караманди….)

Впечатливо за денес е нивната моментална состојба која е поразителна. На многу од нив едвај се читаат нивните имиња и презимиња, што е многу неразбирливо за нас. Дали вака треба да му оддадеме мала почит на тие кои не го жалеле животот за нашата слобода или надлежните заедно со Сојузот на Борци не си ја бркат работата како што треба. Затоа апелираме да се превземи нешто бидејќи тие ова не го заслужуваат. Од нас една мала почит и нека ги има сите заедно на едно место. Ако не си го негуваме минатото за џабе ќе ни биди иднината. Вечни ќе бидат….