Паркот „Нузхетие“ е уште едно дело на валијата Абдул Керим паша (1895 – 1901). Познато е дека лично беше го избрал местово, дал сугестиикако да биде испланирано и уредено. Освен како „Нузхетие“, било познато уште со неколку други имиња, по Младотурската револуција било „Итаат“, кога станало омилено место за развлеченија на младотурците и за нивни средби со новостекнати пријатели и државни делегации од балканските државички, меѓу двете светски војни било „Терпс“ во кое за првпат настапувале и пејачки („шантиклер“ – од франц. шанте), додека најдолго и најупорно останало „Народен Парк“.

Бил подигнат во триаголникот меѓу денешниот Ловечки дом и улицата „Димче Хари Поповски“ и двете улици што водат север-југ и го обградуваат.
Непосредно по ослободувањето таму своите популарни точки ги изведувал Битолскиот циркус, нешто подоцна никнала и денешната мала станбена на-
селба позната и денес како „Фрижидерски станбени објекти“, подигнати за потребите на Фабриката за фрижидери „Ѓорги Наумов“- Битола што се планирала да се гради.

Парков се оформувал паралелно со градењето и уредувањето и на
Тумбе Кафето и првичната намера на Абдул Керим паша била поврзана со намерата да ги разреши тешките проблеми со тамошното мочуриште од
кое се ширела неподнослива смрдеа и претставувало извор за погубната маларија и за војниците од блиските касарни, но и за околното население. 1696
По востанувањето станало пак привлечно и уредено место за престој, обградено со столбови, неколку патеки, со прекрасен шадрван од кој се ширел лад, прераснувајќи во многу симпатичен киоск, кој повикувал на приградски одмори и шедби.
Српските власти, признавајќи ги заложбите на градителот по Балканските војни, парков беа го преименувале во „Парк Абдул Керим“ и продолжиле да го облагородуваат, придававајќи му и нови содржини во кои спаѓала
и новата кафеана, а со цел граѓаните да имааш прекрасно место за одмор и шетање.

Текст проф. Александар Стерјовски Градби

Фотографии Димче Најдов Битола низ стари разгледници и Битола Инфо