Во вчерашниот ден пред многу пчелари од Битола и соседните општини официјално беше отворено новото пчеларско здружение МАРИОВСКО ПЕЛАГОНИСКИ ПЧЕЛАРИ. Канцеларијата е отворена во Новиот пазар над Ангро маркет, на ова отворање збор зеде нашиот председател на друштвото Александар Спасески кој зборуваше за целите и идеите на ова здружение.

Целите и идеите на ова здружение се дружење и разменување на знаење помеѓу пчеларите од овој регион и решавање на сите проблеми кои ги засегаат пчеларите во последно време,организирање на предавања и посета на саеми во областа од пчеларството,членарината во нашето здружение чини 600 денари годишно, канцеларијата ќе биде отворена секој четврток од 17 часот.