Почитувани,

Ве информираме дека од денес може да купувате карти online за The Stars Symphony на следниот линк: https://www.yournextevent.info/event.php?id=49

Како што известивме претходно продажбата на карти е по блокови, односно трибината на стадионот е поделена на блокови и продажбата на карти е по блок (а не по седиште) и партер. Изберете го бројот на карти кој сакате да го купите, и продолжете со процесот на купување. Ќе Ве замолиме да внимавате при внесувањето на Вашите податоци, особено email-от. Откако ќе ја извршите уплатата, ќе ја добиете картата на email-от кој го оставивте во процесот на купување. Доколку ја немате картата во Inbox, проверете ги вашите Spam/Junk папки.

Дополнително, Ве молиме да пристигнете два часа пред настанот (19 часот) за да ја подигнете вашата идентификација од означените места според бројот на вашиот блок. Секој билет има свој единствен број кој ви е потребен за влез на настанот.

Ви благодариме за трпението!