Во текот на вчерашниот ден во Паб Бурбон Стрит се одржа состанок на кој учествуваа членови од фамилијата на прерано починатиот битолски диџеј C-PURE Кире Чипуровски, негови другари, пријатели, поддржувачи, битолски диџеи со идеја да се продолжи со неговото дело и да се одбележи активноста која тој секодневно ја подаруваше за неговиот роден град. Договорено е во негов спомен еднаш годишно да се започне со C-PURE TRIBUTE , настан со хуманитарна природа од кого средствата ќе се поделат на луѓе со тешки болести и заболувања, цистична фиброза и наши сограѓани кои секојдневно ја водат битката со рак која нашиот драг и почитуван другар и пријател за жал ја загуби. За детали и организација ќе бидете сите благовремено запознаени. Да подариме нешто од срце и градско, од градО за ЧипурО.