Болница „Плодност“ заедно со сите центри и болници во светот, денес го одбележува 17 Ноември – Светскиот ден на предвреме родените деца. На оваа категорија новороденчиња им е потребна посебна грижа, токму поради предвременото раѓање.

Нашето видео е посветено на двете сестрички, родени во нашата болница во 35 гестациска недела, со што влегуваат во категоријата на предвремено родени бебиња.

Заедно со компанијата Weleda Македонија, во болницата се одбележа овој ден, со подароци за специјална нега на нежна кожа, доделени од оваа компанија. Производите се наменети за нежна и осетлива кожа, а ќе бидат подарени на мајките од страна на претставници на компанијата Weleda Македонија, кои на свет донеле предвремено родени деца.

Според светската класификација, бебињата кои се породени пред 37-мата гестациска недела од бременоста, односно 259 денови, се сметаат за предвремено родени бебиња.
Одбележувањето на 17 Ноември како светски ден на предвреме родените деца има за цел да се поттикне свеста за оваа појава и да се најдат решенија, како и поголеми превентивни мерки, за да се спречат компликациите кои доведуваат до предвремено породување на мајките.