Овав сабота на 10.06.2023 г. со почеток во 09.30 ч. на плоштад Магнолија ќе има бесплатно возење и фотографирање со пајтон, подарок од нас за Битола и битолчани.

„Ако одам во Битола,
ќе нарачам до три пајтона.
Први мене ќе носи,
в’ други чалгии ќе свират,
в’ трети товар, мерак ќе носам”…е опејано во една од најанталогиските песни напишани за нашиот град Битола со ноти директно од срцето на нашиот сограѓанин Петар Георгиевски Калица.

Искрено, пајтонот е една од нашите неостварени желба и дојде денот кога заедно со вас сакаме да ја оствариме и тоа оваа сабота на 10.06.2023 г., да почуствуваме еден дел од градската Битола.

Затоа Ве покануваме во 09.30 ч. на плоштад Магнолија на БЕСПЛАТНО возење со пајтон и едно кругче низ Битола. Ќе имаме една мала заедничка пауза кај 12.00 ч. само за ваша фотогалерија до 13.00 ч. и уште некое кругче до 15.00 ч.

Со овој настан сакаме да Ве вратиме назад низ времето кога Битола беше градот на конзулите, во времето кога низ него се слушаше троскотот на потковиците по калдрмите. Со само една цел неа повторно да ја заживееме и неа барем на кратко да ја воздигниме како градот над градовите.

„Ех мори моме како да речам, за Солуна и Стамбола Битола не давам…”

Сабота 10.06.2023 г. 09.30 ч. Магнолија, бесплатно возење и фотографирање со пајтон, за Битола и битолчани.