Бит Фест е приказна која е препознатлива за Битола и регионот, а воедно и платформа за учество на бројни докажани уметници од регионот, односно можност за многу уметници да дебитираат. Па така впрочем настанал и Фестивалот за литература и аудио визуелни уметности „300 Работи, Триста“ кој е дел од таа приказна уште од 2013-та година.

Дури и самиот фестивал влечи корени од „Live – Литературен Перформанс“ кој беше дел од програмата на Бит Фест 2012.
Со голема радост, Ви ја презентираме овогодинешната програма на фестивалот „300 Работи, Триста“ која влегува како – ОФ Програма во централниот фестивал Бит Фест 2022 , истата ќе биде концентрирана во 3 фестивалски вечери и тоа:

25.07 (Понеделник)

20:00 Отварање на фестивалот со музички настап на групите:
20:15 Corrosion / 21:00 Sound Waves
Пропратено со видео проекција26.07 (Вторник)

21:00 Проција на зборник на трудови и уметнички дела „Колегиумски ЗАПИСНИК 009“
Пропратена со Дизајн на храна, музика и уметност во организација на здружението ЛАТЕРАЛ Битола.
21:45 Дј сет на познатиот уметник од овие простори ILE THE HAIR, Иле Косата27.07. (Среда)

20:30 Tsampazis Makis bouzouki
Гостување на Бузуки бенд од соседен Лерин, пропратено со презентација на регионална храна, музика и уметност која е автентична за овие овие простори. Односно ќе бидат поставени графики и уметнички дела од автори од Битола, ќе се дегустира храна која е автентична за двата града Битола и Лерин и во една естески издржана атмосвера благопријатно ќе се напаѓаат сите сетила на посетителите.
Сите настани ќе се одвиваат во уличката пред Радост Кафе, влезот е слободен.