“ТРА ЛА ЛА’ Битола, празник на детската песна!

Во големата сала во Центарот за култура во Битола се одржа 22. издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА Битола“.
На фестивалот настапија Иво Котевски со песната “РОДИТЕЛСКИ СОСТАНОК“, Николина Лазаревска и Марија Дамјановска со “ШУМАТА ПЕЕ ВО ХОР“, Лука Ристановски со “КАКО СИТЕ ДРУГИ“, Мила Калески со “БОЖИЦА И КРАЛИЦА“, Изабела Настевска со “МЕЧО ШАРПЛАНИНЕЦОТ“, Марија Петковска со “ПЧЕЛКА“.
Пред бројната публика се претставија и Клеа Дамјановска и Ема Каранѓелевска со песната “ЛАЛЕ, Лора Николовска со “ИГРАЊЕ И ВИОЛИНА“, Атанасиј Ѓорчевски со “СОНОТ МОЈ“, Ника Лубура со “ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК“, Антоанета Китановска со “BUONGIORNO SENORINA“ и Евгенија Ристевска со “ТИНЕЈЏ ГОДИНИ“.

-На годинашното издание настапија 12 учесници со новокомпонирани детски композиции кои оставија повеќе од прекрасен впечаток, како што доликува на манифестација која постои 22 години во континуитет и која го носи приматот за најдобра детска манифестација во нашиот град и целата држава, ни рече по завршување на фестивалот, директор на фестивалот е Тони Алексовски од име на организаторот “Асоцијација за уметност Алексовски“ од Битола.
Треба да се спомене и тоа дека за сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, за аудио – визулените ефекти “Малче саунд продакшн“, светло Никола Ѓоргиевски, а водител беше Елена Захариевска.