Запазувајќи го критериумот и заложбата за напредок, менаџментот на Болница „Плодност“ го вреднува секој успех на вработените лица.

Така, овој пат, за посебни заслуги се наградени три медицински сестри, вработени во Болница „Плодност“, кои имаа свои презентации на меѓународни конгреси.
Во Белград, со своја презентација се претстави одговорната сестра на операционите сали и ИВФ одделот Анета Јошевска Дамчевска, на тема „Улогата на медицинската сестра во ИВФ одделот“, со што всушност се изврши презентација на дел од работењето на Болница „Плодност“ пред присутните учесници.

Радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, вработена во Болница „Плодност“, учествуваше на конгрес организиран од страна на Здружението на радиолошки техничари и техничари на нуклеарна медицина од Србија со меѓународно учество, кој се одржа во Златибор.

На овој конгрес таа имаше своја презентација пред стручната јавност на тема: „Галактографија-процедура за приказ на канален систем при патолошки исцедок од дојка (заборавена алка или не)“, во процесот на дијагностика на болести на дојка.

На 20-тиот интернационален конгрес Nutrition & Health во Стокхолм, Шведска, со свој труд учествуваше медицинската сестра Билјана Марковска од Болница „Плодност“. Таа ги претстави своите научни сознанија во однос на примената на здравата исхрана кај пациентите кои подлежат на оперативни зафати од областа на гинекологијата и акушерствот, во насока на подобрувањето на здравјето на пациентите на Болница„Плодност“.

Честитки!