Зградата која некогаш била Француски конзулат

Зградата денес, некогашниот Француски конзулат
ул. Кирил и Методиј бр. 6

Објектот е изграден во 1903 год., како сопственост на црквата Св. Димитрија. Од истиот период се користи како административен објект.

Архитектонската концепција на објектот е синтеза помеѓу станбена зграда и објект од јавен карактер. По своите стилски карактеристики, објектот претставува пример на чист француски неокласичен стил во архитектурата од 19 век. Јужната фасада на објектот е решена со чисти класични форми со канелирани дорски столбови и балкон на катот во вид на колонада при што се формира отворена галерија. Фасадата е богато декорирана со профилација околу прозорите како и употреба на керамопластични украси во вид на розети над отворената галерија. Објектот претставува еден од најубавите примероци на неокласицизмот кај нас.

Денеска зградата е книжара Book’s House.

Извадок од публикацијата – Конзулска Битола

Автор: Никола Миновски

НУ Завод и Музеј – Битола
2002 г.

Битола Инфо