Во исчекување сме на најубавото годишно време, и се надеваме на што повеќе сончеви денови. Летото асоцира на летниот распуст и воедно е одличен период да ги охрабриме децата да го искористат максимално за да ги надополнат своите знаења и вештини од областа на програмирањето, како и да стекнат нови.
Интересите за програмирање се сѐ поголеми, а децата започнуваат да учат уште од најмали години. За таа цел ние оваа година традиционално организираме уште еден, трет по ред, детски камп на Пелистер.
Посетувњето на детски летен камп, нуди многу предности за децата и младите: социјални, културни, академски, стекнување нови животни искуства кои би се рефлектирале и понатаму во животот на децата на секое поле. Летните школи и програми постојат долго време, но во нашата земја се малку застапени. Оваа година по трет пат организираме детски летен камп кој стана наша традиција секоја година. А што нуди кампот?
Пошироко размислување: децата и младите ќе научат да креираат и користат игри, мобилни апликации, веб страни и да креираат проекти со кои што ќе се гордеат.
Логичко размислување: со примена на пристапот чекор по чекор им се дава можност на децата да размислуваат од причинско -последичнен аспект и на поедноставен начин да ги решаваат проблемите.
Решавање на проблеми: учат и пробуваат нови работи, претпоставуваат и грешат, а од тие грешки и учат. На овој начин се зголемува самодовербата, издржливоста и академските перформанси потребни за идните предизвици.
Компјутерско размислување: истражуваат, изучуваат, креираат и презентираат поставувајќи ја основата за креирање на идни креативни иноватори.

⋮ИВЕЦ летниот детски камп го организираме на Пелистер по одличната реализација на летни детски кампови од изминатите години, во периодот од 25.06.20223 до 01.07.2023. Пријавите се отворени за сите деца на возраст од 7-17 години кои имаат желба и се љубопитни за изучување на Scratch, Web Design и JavaScript во комбинација со интерактивни активности, игри и многу забава во природа.
Настава ќе се одржува секој работен ден во текот на една седмица, водена од висококвалификувани предавачи за секоја од трите обуки.. Остатокот од денот ќе биде организиран со интерактивни и забавни активности, запознавањето на учесниците, пешачење и истражување на Пелистер. Кампот го започнуваме со најздравата спортска активност, планинско трчање на првата детска планинска трка ПЕЛИСТЕР УНИКАТЕН ТРАИЛКО на која ќе може нашите учесници да учествуваат бесплатно.
Во кампот децата учат во групи и стекнуваат вештини за соработка и работа во тим. Додека пак програмирањето е предизвик кој ги учи децата на критичко размислување. Учат да програмираат додека играат и се забавуваат што им помага да станат подобри решавачи на проблеми. Ќе се насочиме да ја поттикнеме нивната креативност и имагинација. Ќе развијат интерперсонални, индивидуални вештини и социјализација. Со учење на програмирање од мали години веќе ја насочувате иднината на вашите деца во област која денес е најпопуларна и нуди најмногу перспективи.
Сакате да го поттикнете целосниот потенцијал на вашите деца, додека се забавуваат? Детскиот камп на Пелистер е одлична можност за тоа.

За да аплицирате кликнете на линкот https://iwec.mk/camps/pelister-kids-camp/ или посетете ја нашата веб страна: https://iwec.mk/, а за сите дополнителни информации следете на социјалните мрежи и секогаш може да не контактирате на телефонскиот број 072 309 282.
Ве очекуваме!