Една битолска шега во Новаци
НОВАЦИ, АПРИЛ. – Земјоделецот Т. К. од битолското село Новаци бил незадоволен од првата жена па решил да побара среќа со друга.
За неговата желба разбрале и некои шегаџии од Битола и исковале план како да се пошегуваат co T. K.

Една квечерина тие ја до
неле ,,невестата” во домот
на младоженецот. Темнината и слабата светлина од газјената ламба во куката на Т. К. придонеле ,,операцијата” да се изведе на најдобар начин. Имало и пиење и јадење. „Невестата” по стариот обичај им бакнувала рака на присутните и цело време глумела наивност, веке како им доликува на патријархалните девојки. Кога вечерата завршила
зетот ја поканил невестата
да и ја покаже спалната. Но
таа нашла изговор дека ќе
дојде подоцна откако ке излезе малку во дворот. Т. К. ја чекал извесно време а потоа и сам излегол да ја бара несудената жена. Меѓутоа, од неа ни трага!

,,Невестата“ за која во селото се вели дека бил маж, само убаво преправен во жена, се вратила назад во Битола заедно со другите двајца кои ги зеле парите. Случајот предизвикал големо интересирање меѓу луѓето од блиските села на Новаци и којзнае по колкупати дневно се прераскажува.

С. Мачевски