По изградбата на Термоцентралата, Битола се вбројуваше во ретките електрифицирани градови во Македонија, и на Балканот.
Затоа првиот ден од пуштањето во работа на Термоцентралата
се славел како голем празник на градот, за блиските населби и за вработените на Електроиндустрија – Битола”. За тие историски и незаборавни збиднувања, очевидците забележале:

“Со звуците на барабаните во “градот на конзулите” на 23 декември 1924 година, граѓаните на Битола беа повикани за да им биде соопштено дека следниот ден околу 17 часот ќе биде пуштена во работа првата електроцентрала во Битола. Веста молскавично се
ПРОШИРИ така што следниот ден беше дочекан со големо нетрпение.

На 24ти декември попладнето Широк-сокак и просторот околу Саат кулата беа преполни со народ. Никој не сакаше да си ја ускрати можноста да го доживее првиот блесок на “електричного сонце” во својот град. Конечно, дојде толку долго очекуваниот час, кога Бундалевски од својата канцеларија на Широк Сокак, телефонски му нареди на машинистот да ги активира машините и да ги запали електричните светилки низ битолските улици.

И тогаш, околу 17 часот, битолските улици ги огреа електричните светилки, а тишината ја распараа извиците на одушевување од насобраниот народ. Највесела и најбучна бе-
ше младината на своето омилено Корзо”. Таа вечер била осветлена само главната улица во Битола, поточно прочуениот “Широк-сокак”.

Од 24ти декември започнува електричното осветлување на
Битола. Од оваа историска светла страница осветлувањето на Битола е во нагорна линија.