Како битолчани една од нашите главни одлики со која од другите во Македонија се разликуваме е нашиот специфичен битолски говор,кој моментално е подзаборавен.
Битолскиот говор е сублимација од македонски,турски,влашки,еврејски,ромски,албански искричења и метафори кои заедно и меѓусебно де поврзани и се добива една совршена слика за духот на Битола во одреден период на богатата историја,збогатен со унгарски,германски и француски термини како спомен од нивното влијание во Битола за време на двете светски војни,како и од новите зборови од повратниците печалбари.
Ова е почетокот на едно поглавје од новата рубрика “На битолски…”која и вие како битолчани имате можност слободно да надополнувате со цел истиот тој да се запамти и не заборави…една од поголемите желби на Такецо кој и прв во нашиот град го започна и објави битолскиот зборен фонд од посебен градски жаргон,како некаков таен код кој е наменет за употреба во посебни прилики…

А

абер-глас,абашу(еврејски)-си ојде,умре,азганлија-згодна,гламурозна жена,аирлија-со среќа,ајлаз-неработник,аклија-правичен,ак-заслуга,придонес,акал-ум,алајлеџан-наивен,алчак-нечовек,аљабак-неуреден човек,аманет-порака,ангарија-данок,без пари..апансас,непендек-ненадејно,апла-без влакна на јазико,асли-потврдно,вистинито,ат-коњ,атерџија-душевен човек,ауч-морков,ауз-садопер,аферим-браво,ахмак-неранимајко,ахџија-готвач,аџамија-адолесцент,тинејџер,
аџилак-поклонение на светиот гроб,ачик-отворено,аш-нема,ашик-зглоб од предната нога на овца користена за детски игри,ашлак-денгуба*..

Додадени од вас:Аферим-браво;амин-вистина е,така е,готово,крај;алатата(змејот) да го најди;аспи-смирено,смири се малце;асли-вистински…

 

image

*Д.Д.Такец во Перформансите на Широк Сокак
Фото непознат извор