Од утре (недела) па во текот на следната недела циклонот ФЛОРИЈАН значително ќе се активира и во сите земји од регионот атмосферата значително ќе се дестабилизира и на многу места ќе биде нестабилно со врнежи, грмежи, електрични празнења и засилен ветер.

Локално значителни се условите за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен и олуен ветер и појава на град.

Локално низ регионот можни се и локални поројни поплави.

Очекувано локално невреме во следните земји: Албанина, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеховина, Хрватска и Словенија како и делови од Грција.

Во делови од Јадранското море дури не се исклучува појава на пијавици ( односно торнада).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На граѓаните во случај на силно невреме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и без потреба да не излегуваат од дома.

Дестабилизација на времето и за Битола и битолско.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.