Организаторите на овогодишниот завршен турнир на ракометниот Куп на Македонија, ги вршат последните подготовки за спектаклот кој ќе се одржи овој викенд.

Битолските екипи, Пелистер и Еурофарм Работник заеднички ќе го организираат овој Ф4 турнир, а за првпат во салата „Младост“ ќе се игра на герфлор подлога. Подлогата на која се игра ракомет речиси во секоја сала ширум Европа, веќе се поставува над паркетот во битолската сала и најверојатно ќе биде готова до утре, па екипите на истата ќе можат да ги извршат своите последни подготовки во пресрет на натпреварите.

Фајнал-фор“ турнирот ќе го отворат големите ривали Пелистер и Вардар (16.30) часот, додека од 19.15 часот ќе започне вториот полуфинален меч меѓу Еурофарм Работник и Металург.

Извор Гол.мк