Гугл,Амазон, Ејпл и Дизни се четирите најголемите светски гиганти кои вртат милијарди долари профит на светско ниво. Интересно за сите нив, имаат ист необичен почеток и тоа сите започнале со работа во обична, лимена гаража. Пред месец дена нашите локални власти издадоа соопштение за решение со кое треба да се започни со остранување на лимените гаражи во центарот на градот и со таа пракса да се продолжи понатаму. Што може ова да значи за нашите засегнати битолчани ќе направиме една кратка паралела со најуспешните светски фирми.

Гугл започна далечниот 27-ми септември 1998 година, кога основачите Лари Пејџ и Сергеј Брин почнале да работат во една гаража во Манло Парк во Силиконската долина во Калифорнија, богатството на компанијата, во готовината и во вредносните хартии, се искачило на 33,4 милијарди долари. А замислете битолчани имаат гаражи уште од 80-тите и таман ете можеби и нас ќе ни тргни во животот како со Гугл, Амазон и други општинските власти решија да ни ги туркат, револтирано ни изјави Горан Тапановски викан Тапано, еден од најжестоките битолчани кои се противат на оваа одлука и кој со мижење можи да напиши дуплове, дуплове, дуплове, точка гугл со две о точка ком.

Гаражата каде почна дуплове дуплове дупло ве точка гугл точка ком

Ејпл (Apple) започна пред 46 години, односно во 1976-та во гаража каде е основана од страна на Стив Џобс и Стив Возниак. Заедно со нивниот трет пријател Роналд Вејн кој имал голем удел во основањето на компанијата, односно да не бил тој денес немаше да имаме iPhone, iPod, iPad, MacBooк и наша среќа шо биле 3-ца, да беа четворица сигурно ќе играле бељот.

Гаражата на Џеф Безос каде започна со неговиот гигант Амазон пред десет години е продена за 620 000 долари. Зошто ние да ги туркаме кога можеби и нас нешто ќе ни тргни во животот. Можеби за ракомет не ме биваше ама пак нешто можеби ќе ми текнеше за продавање… изјави сам пред камери скроз загрижениот Бојан Сестепановски, кој ако не беше татко му и партијата, денес ниту директор немаше да биди.

За крај ќе ги додадеме и Браќата Дизни кои со малку позајмени пари, креираа студио во гаражата на нивниот вујко и привлекоа внимаие со серијата на црно бели цртани со зајакот кој се викаше Освалд. Овие цртани беа продуцирани од Universal Studios. Кога Волт побара поголема цена за овој цртен, беше одбиен. По ова, Дизни престана да го црта Освалд во 1928, иако серијата продолжи да се емитува. Ние во Битола досега не познаваме некој цртач да твори во гаража, но ако има таков апелираме навремено да не контактира и заедно да се обидеме да ја зачуваме и неговата просторија која еден ден на сите ќе ни значи.


Текстот е измислен и е дел од рубриката ЛабавО и служи само за забава на пошироката народна маса, додека 95% во него е жива вистина.