10ти Септември 1939 г.Битола

Во Битола изгоре хотел “Босна” и Долната женска гимназија. Пожарот се појави на покривот на зградата која се наоѓа во централниот дел на Битола.

Хотел “Босна” е една од најголемите градби  во градот. За кратко време пожарот ја фати цела кровна конструкција,и пожарникарите, како и граѓаните беа немоќни да се борат со пламените јазици. Повикана е на помош и армијата.

На лице место на пожарот дојдоа командант  генерал г. Коста Адамовић, претседателот на Општината г.Ризевић и управникот на полицијата,кои даваа наредби за време на гасењето. Благодарејќи на мирното време пожарот не се рашири на околните згради иако се закануваше на целиот тој крај. Изгореа  просториите на хотелот, како и училниците на Долната женска гимназија, која беше сместена во истата зграда. Во приземјето се наоѓаа неколку продавници. Трговците, за да ја спасат својата роба, заедно со своите работници ја вадеа на улица.Робата е доста оштетена и од водата.Благодарејќи на пожртвуваноста на директорката на гимназијата г-ца Зоре Симић и другите наставници, архивата на гимназијата е спасена.

Хотел “Босна” зградата десно

Зградата  каде беа сместени хотел „Босна” и Долната женска гимназија припаѓа на Битолската општина. Осигурана е на 750.000 динари. Штетата предизвикана со пожарот  се цени на преку пола милиона динари.Во текот на гаснењето на пожарот е повреден г. Димитрије Бошкозић.

Властите поведоа истрага за причините за пожарот.Се претпоставува дека заради запален оџак дојде до него.

Извадок од весникот “Правда” 1939 г.