Нашите сограѓани Феим Мефаиловски од Македонија Пат и Мирсад Мухединов од ЈП Комуналец Битола го средија целото ѓубре кое беше расфрлано на магистралниот патен правец Прилеп Ресен во знак за протест на мала група граѓани. Сигурно дека има и похумани и почовечни начини за искажување на револт и ова не смее да биде одраз на културата на нашите сограѓани за кои од страна на многу невладини организации преку разни фондови се потрошени многу средства за нивна еманципација и култивизирање во т.н. декада на Ромите.