Дека во потрага за подобар живот талентот може уште повеќе да се надоградува и усовршува е примерот на нашиот млад битолчанец Петар Крстевски (14)

кој од неговата 6-та година ги бранеше боите на Пелистер, а од септември 2021 г. поради преселба во Виена, Австрија игра за Рeд Стар Пензинг во Првата WFV-Лига U-14 Виена каде е стандарден првотимец на позицијата десен бек.

Како негов успех и резултат во досегашниот ангажман се вбројуваат 3 голови и 10 асистенции. На крајот на првенството Ред Стар Пензинг заврши на 2 место во лигата, додека во втората полусезона беа со 9 победи и 2 нерешени натпревари.

Со неговите константно добри игри сериозно се наметнува во конкуренција за Македонската репрезентација У-14.

– Во Австрија живееме заедно со мојата фамилија веќе една година. Чувството да се игра во овај тим е прекрасно, има деца од цел Балкан, од јужниот континент Африка и сите сме како една голема фамилија. Ме прифатија многу брзо и добро се прилагодив на разликата од ФК Пелистер каде тренирав од моите 6 години. Тука има многу подобри услови за тренирање, клубот поседува 4 терени, теретана, соблекувални со сите услови за престој, одмор и туширање.. Исто така имаат и сопствен бар за освежување, Работата на двајцата тренери е многу професионална и посветена, а тренинзите се многу поинтезивни и по соодржајни, клубот е организациски многу подобар од битолски Пелистер, од каде имам само убави спомени бидејќи таму ми се првите почетоци и постигнат гол… ни раскажа Петар.