„Дојди на трпезата“ е мотото на вториот Национален конгрес на „Слоу Фуд Македонија“ што ќе се случува на 14 јули (недела) во Битола. Седумдесет делегати од конвивиумите, здруженијата и групи кои се дел од „Слоу фуд Македонија“ ќе присуствуваат на овој значаен настан.

На овој конгрес како „мираз” СФМК ќе ја донесе колективната работа за споделување и градење предизвици на заедничката судбина, што основната премиса ја има во посветеноста да се бори за добра, чиста и правична храна за сите.

Затоа „дојдете“ на трпезата!

Заедно да ја осигураме иднината и…, храната за утре!

Пораките од Конгресот ќе бидат врзани за новите генерации и нивното враќање кон природата. Императив и предизвик на “Слоу Фуд Македонија“ се младите луѓе, возобновување со свежа енергија, поврзувањето на храната и иднината, агроекологија, агротуризам…..итн…