Дојде и тој ден, чест и огромно задоволство ни е да ви го прикажиме крајниот резултат и слика на најавената хуманитарна акција која последните 2 недели зеде голем замав и ги крена на нозе голем број наши членови и хумани лица кои преку своите искрени намери и емпатија придонесоа ова хумана акција да биди најуспешна досега.

Ова година се собраа рекордни финансиски средства со кои беа набавени голем број прехрамбени производи кои беа поделени и донирани во три финансиски загрозени фамилии и тоа во Ресен, Цапари и Битола-Боримечка.

Огромна благодарност и до фирмите кои безрезервно секогаш подават рака кога е најпотребно. ХЕРА турс, како логистички и неопходен помагател за пренос на прехрамбени производи, благодарност до Млекар Јуниор со нивната финансиска помош, нашите другари од Симпател Битола и Зимак Дооел.

Исто така беа набавени новогодишни пакетчиња за најмалите и нивната детска радост кои ќе бидат доделени во следниот период.

Уште еднаш огромна благодарност до сите инволвирани лица, следна година со Господ напред одиме уште посилно.

Чкембари Битола