Известување до сите битолчани, чкембари, пелистерци и сите други хуманитарни лица:

Како што наближува крајот на ова година и почнуваме да ги одбројуваме последните денови редно е да ја најавиме нашата трета по ред хуманитарна акција наменета за помош за најранливите категории во нашето опшество.

Ги повикуваме сите добронамерни лица кои малку од малку се сочуствуваат со оние на кои им е најпотребно во претстојните големи христијански празници, да ја покажат својата хуманост и емпатија на дело и да бидат од корист, зошто ако ние не си помагаме меѓусебно, друг нема да ни помогни.

Претходните предновогодишни хуманитарни акции беа и повеќе од успешни благодарејќи на сите вас, нека ова и сите следни бидат се по обемни и по успешни.

Апел и повик до сите: ПОКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА ХУМАНА СТРАНА И ДОБРИНА, ПОМОГНЕТЕ ТАМУ КАЈ ШТО Е НАЈПОТРЕБНО.

Штандот за донирање ќе биди поставен од УТРЕ (недела) од 12ч до 14ч па секој следен ден, кај Новиот пазар измеѓу двете тобака, каде што ќе има наши членови.