Младиот поет Андреј Стрезовски храбро јуриша во поетските води. Овој пат ја освои ГРАН ПРИ наградата на поетската манифестација „Жуборења од Радика 2022″ во организација на Здружение за афирмација и развој на реканскиот крај – Рекански порои.

Андреј со својата творба посветена на нашиот национален херој Гоце Делчев го искажува својот восхит преку ведриот збор . Со жуборливиот вешт стил Андреј со римуван стих му се обраќа на јунакот. Сите негови итри и мудри херојства, ги воспева до височините која ретко кој успева да ги дофати. Богатството со епитети зачинето е со персонификација.

Со детскиот израз на малиот голем поет гради само уште една нова уметничка творба, за великанот.
Под менторство на Гиче Бизимовска, Андреј повторно успева да остави без воздишки.
Му честитам од срце и му посакувам среќна и успешна поетска иднина.

м – р Биљана Тодоровска

Гоце Делчев

Ти војвода и учител беше,
за сите слобода сакаше.
Како дервиш и ага се преправаше
а вистинскиот изглед го изоставаше.

Ти храбро се бореше,
за слободата сѐ ќе стореше.
Пушката ти беше другарка прва
а и гората со своите дрва.

Ти со Турците си другаруваше,
а со султанот војуваше.
Ти спомен ни остави
па твоето име се прослави.

Автор: Андреј Стрезовски