Денес се одржа 38 државен натпревар за учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта
Натпреварот беше само за стручните училишта и СОТУ Ѓорги Наумов Битола беше домаќин. Натпреварувачите беа поделени по струка и по категории, за сите имаше практичен дел и дел каде што се прават тестови.

Битолчанката Евгенија Дивитарова беше во практичниот дел каде имаше 15 натпреварувачи и со нејзината за сите нас позната ЦНЦ машина под менторство на Биљанка Христовски успеа да го зграпчи третото место на овај државен натпревар.

Голема воодушевеност искажаа и членовите на стручното жири, меѓу кои беше битолчанецот Методија Атанасовски, реномиран професор од Техничкиот Факултет во Битола кој ни пренесе дека денес имал посебна чест и задоволство да биде член на централната комисија за државниот натпревар на ученици од електротехничка струка во СОУ Ѓорги Наумов Битола, при што оценувале самостојни практични трудови од децата:

“Воодушевен сум од тоа што го видов. Прекрасни деца, полни со идеи, неформален начин на презентација а технички многу точен, владеење со најнови технологии, деца ослободени од предрасуди кои се почитуваат меѓу себе. И после ќе чуеш не бе овие генерации не ги бива немаат основа знаење, да видиш ние ко учевме. Демагогија. Еден од најпознатите битолчани во СФРЈ Миљан Миљанич бил во право: Убеден сум и цврсто верувам дека секогаш се подобри генерациите кои доаѓаат. Децата се џинови, општеството во кое растат не го бива оти им го руши сонот и системот на вредности и ги става во калап. За жал. Ама ќе си го најдат тие патот. Само напред и секоја чест.”