На иницијатива на Промедиа Битола уште пред повеќе од две децении секоја година беше организирана една широка музичка приредба под името „Одбираме музички таленти“. На неа учествуваа деца од детските градинки и основните училишта кои имаа желба да пејат и да се натпреваруваат за најдобри пејачи помеѓу своите врсници. Интересот беше необично голем и имаше масовен одзив кај децата од сите возрасти. Организатори беа: пионерскиот дом, тогашната културно-просветна заедница, музичкото училиште и домот на културата на Битола како и некои други општествени организации и поединци. Од 1978 година манифестацијата беше наречена „Дете-фест ДО-РЕ-МИ“. Ова манифестација беше реализирана во спорската хала, а за уметничко-звучната продукција специјално беше ангажиран Славе Димитров кој за оваа прилика состави ревијски оркестар и тоа од врвни музичари (претежно битолчани)кои специјално за оваа прилика допатуваа во Битола од разни краишта на тогашна Југославија со што (бесплатно)му се оддолжија на својот град. 
Извор Википедија