“Место во вода битолчани се капат во пот” беше натпис во весникот Време пред околу 80-90 години. 

Во реката Драгор, која поминува низ Битола, децата си направија плажа. 

 

 “Оваа плажа се наоѓала на среде град покрај кафаните, така да тие кои таму биле таму завидливо ги посматрале. Возрасните ако сакале морале да одат подалеку, во делот кај базените на Црвен Крст (на местото кај сегашна Нискоградба), бидејќи како што кажувале за битолчани голотијата била незгодна да се види на средина град. 

Заедно со децата еден повозрасен граѓанин “го скршил мразот” и влегол да се капи. Вака битолчани во тоа време поради високиот бонтон и ниво на култура, повеќе се капеле во пот отколку во вода, која поминувала на средина од нивниот град”, завршува натписот…