КОД 369 неодамна го промовираа својот нов видео запис со наслов „Месечина“. Нивната музика ги изразува турбуленциите на емоциите. Текстовите ја величаат љубовта на далечина. Ако постои нешто што навистина ги поврзува сите луѓе, тоа е уметност“, изјавуваат членовите на Код.

Музиката е на Даниел Митревски, а текстот на Ирена Димовска.За аранжманот се погрижија Даниел, Иле Лулевски и Коста Стевановски, за видео продукцијата: Дејан Трајчевски, Encore Media Production.

Имено тие во јуни 2021 година, потпишаа ексклузивен издавачки договор со најголемата издавачка куќа во регионот – Кроација рекордс.Првиот сингл што го снимија на хрватски се вика „Љубов“ ( Ljubav).

„ Како и целата наша музика, така и „Месечина“ (Mjesecina) е тема која произлегува од нашите срца и емоции. Тоа е вториот сингл на хрватски јазик, кој зборува за искрениот порив на секое човечко суштество да ги постигне и надмине личните и општествените очекувања со инспирација и трудољубивост“, велат од Код.

Во моментов работат и на нов материјал за албумот.

„Есенско-зимскиот период е одличен за гледање на внатрешните чувства, самопрепознавање и е идеален за творење за сите уметници, а особено за музичари, бидејќи тогаш се помалку на сцена, а повеќе во студио.Се чувствуваме исполнети со многу идеи за нашиот нов албум кој ќе биде целосно готов до на пролет. Дотогаш ќе објавиме уште два сингла, од кои едниот ќе биде на хрватски и еден на македонски јазик“.

Во претстојниот период ги очекуваат и бројни фестивали и концерти во Македонија и регионот.

Во продолжение слушнете го најновиот сингл „Месечина“ на следните линкови:

YouTube: http://bit.ly/3GYyjnp

Streaming: https://ampl.ink/Mjesecina