Годините некаде 96, 97 бевме запишани на Техничкиот Факултет во Битола. Една месечна карта за возење со автобус кошташе 300 денари и таја ни беше најбитната, додека автобусите лето/зиме (1 за горе во Лавчанска и Брусничка населба, 3ка кружна и 5ка Буковски) некогаш ги чекавме и по 45 минути на постојка.

За време на големиот одмор доаѓавме кај Бомбата за да порачаме нешто за каснување. Бидејќи времињата беа такви какви шо беа, пропадната ТАТ штедилница, родителите стечајци, по еден по двајца избркани од работа не се вртеше многу паричка во нашите студентски џебчиња. Поќето ни беа за цигари, а помалце за јадење.

Една од нашата секојдневна порачка беше “празен сендвич” кој дупло е поефтин. Во лепчето се ставаше само салата. Така беше скоро секој ден. Никогаш нема да го заборавиме моменто кога самиот Бомба ни стави плескавица во празниот сендвич. Ние зачудени, со скромни насмевки, а тој со муабетот “Уживајте деца, вие ми се стални муштерии, еднаш нека бега нешто и од мене”. Му се заблагодаривме од срце.

Продолживме и понатаму со нашата секојдневна рутина. Тие шо учеја навистина го завршија тој факултет. Тогаш беше така. Само учените имаа факултет, друг никој. Сите продолживме различно по нашите патишта, и ден денес по толку многу години сеуште си купуваме, но сега од најубавите чизбургери и тостови во градот, “Кај Бомбата” на Градското Шеталиште во Битола.

А ова е за твојата “големина”.

Ти благодариме.

Нa нашата фејсбук страна текстот стигна со над 1500 допаѓања, 23 споделувања и 28.000 прегледи

Фото непознат извор