Во средата на 03-ти Април започна со работа приватната детска градинка „Мали Генијалци“ на нова локација во Битола, ул.Дедо Иљо Малешевски бр.25 (во Старата касарна) во нови простории.

ПУДГ „Мали Генијалци” започна со работа во 2014 год. Долго време водени од желбата и љубовта за грижа на најчуствителната категорија – децата, ја создадовме нашата градинка која успешно работи веќе 10 години.

Градинката е двојно проширена со што се овозможува поголема фукнционалност. Новиот простор им овозможува на децата лесен пристап до сите едукативни материјали за работа како и до сите играчки. Со тоа им овозможуваме на децата самоиницијативен избор за едукација, забава и можност за креативно изразување преку боење, цртање, песна, разни друштвени игри .Широкиот двор им овозможува на децата игра на свеж воздух, рекреација на детските играчки во мирна и тивка средина.

Создадовме пријатно место каде децата со задоволство ќе дојдат и ќе уживаат во секој миг поминат во него. – изјави директорката на приватната детска градинка Елена Неделковска.