Дома бабам Битола „Македонијо во срце те носиме“ бесплатен концерт во Битола на 12 македонски...

„Македонијо во срце те носиме“ бесплатен концерт во Битола на 12 македонски изведувачи

Платото на Офицерски дом во Битола ќе биде местото каде среда, 13 септември 2023 година, ќе биде претесно за сите љубители кои дојдоа на караванот “Македонијо во срце те носиме“. Сите кои ќе бидат на концертот заедно со бројните изведувачи ќе ги пеат во еден глас македонските родољубиви песни.

На сцената публиката битолчани и нивните гости ќе ги видат и слушнат Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажаев, “ДНК“, Ламбе и Миле Кузмановски.

На настанот ќе има изненадување од битолската коњаница Галоп.