Со изложба на документи и фотографии на тема „Македонија памети, никогаш да не се повтори“ посветена на македонските Евреи, во Офицерскиот дом, одделението на Државниот архив во Битола одбележа 69 години од основањето.

Нашиот архив е значајна институција, трезор на оригинални документи, писма, фотографии и друг вид материјали од најзначајните политичко-историски процеси, настани и личности за нашата држава. Како чувари на колективната меморија, денес градиме и афирмираме пракса на соработка со наследниците на нашите сограѓани Евреи кои биле убиени во логорите на смртта, но тоа го практикуваме и со пошироката заедница, пракса која оди во насока на негување на меморијата, но и кон осмислени истражувачки процеси кои ја збогатуваат нашата национална историја. Ве повикуваме до 31 мај да ја посетите во Офицерски дом – Кристална сала. Ќе ни биди особено чест наши гости да бидат и учениците од Битола и пошироко за чија што посета обезбедивме и едукативен дел кој ќе биде презентиран од вработените од нашето Одделение.

Извор Државен архив Одделение Битола