Минатата вечер, Битола живееше во ритамот на Виена само една вечер. Предновогодишниот концерт на Камерен Оркестар на Битола ја пренесе магијата и елеганцијата на виенската класика директно до својата публика, преобразувајќи ги срцата и душите на сите присутни.

Публиката беше воодушевена и целосно предадена на маестралната изведба која ја приредија Камерен оркестар на Битола ⋮IWConnect, заедно со гости од Австрија: Димфна Мејтс и Ирена Крстеска, како и хорот Коруновска Арс Нова, првенци и истакнати солисти при Национална опера и балет под диригентската палка на Владимир Димовски. Секој звук, секоја нота беа исполнети со страст и посветеност, оставајќи незаборавен впечаток.

Интересот за овој концерт беше огромен – билетите за двата концерти беа распродадени за само 6 часа, и салата на Центарот за култура беше исполнета до последно седиште, што е доказ за неизмерната љубов и страст кон уметноста која живее во нашите посетители. Оваа неверојатна поддршка покажува колку музиката и културата се важни за секој од нас.

Вечерта на “Виена во Битола” не беше само концерт; таа беше патување низ времето и просторот, едно искуство кое го потсети секој од нас на значењето и убавината на уметноста. На крајот, секој од нас замина со музиката во срцето и виенска магија во душата. Им благодариме на сите што беа дел од оваа незаборавна вечер, и исто огромна благодарност до сите кои придонесоа за реализицијата на настанот: Министерството за култура, Центарот за култура во Битола, како и сите спонзори: ⋮IWConnect, Хемометал, Синпекс, СН Осигурителен Брокер, Viola Beauty Studio, Green Garden Центар, Белведере, винарија Тиквеш, и медиумски партнери: Битола Бабам Битола, Црнобело, Фемина, и Музика24.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

За повеќе информации, како и слики од минатата вечер, следете ги профилите на Камерен Оркестар на Битола на социјалните мрежи Facebook и Instagram, или посетете ја нивната веб страна www.chamberorchestrabitola.com