Филмот „Лена и Владимир“ каде во една од главните улоги игра нашиот битолчанец Тони Наумовски го освои признанието Најдобар странски филм на 13. Меѓународен филмски фестивал во Мериленд, што претставува значајно достигнување за тимот кој стои зад оваа продукција.

„Оваа награда е огромна чест и признание за трудот, посветеноста и љубовта со која ја раскажавме оваа приказна. Длабоко сме благодарни на фестивалот во Мериленд за оваа неверојатна чест, како и на сите што неуморно нè поддржуваат во ова патување,“ истакнаа од тимот на филмот.

Филмот „Лена и Владимир“ продолжува да освојува срца ширум светот, а оваа награда е уште еден доказ за неговото уметничко и емотивно влијание.

На фотографијата е Тони Наумовски со Том Рифорд, во момент на славење на овој значаен успех.