Лазарева сабота – Цветници
Празник на последното влегување на Исус во Ерусалим. Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота
или Лазарица и се празнува во спомен на Лазаревото Воскресение.