К. К. „ЗАНШИН ДО „ –БИТОЛА НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И У21 СЕ ЗАКИТИ СО 3 БРОНЗИ СО ШТО БИТОЛА СТАНА ДЕЛ ОД РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ТИМ НА КФМ

К.К. „ ЗАНШИН ДО“-Битола на државното првенство за кадети ,јуниори и У21 кое се одржа на 04.11.2023 год (сабота) во ООУ „ АНТОН ДИМИТРОВ „-БУТЕЛ настапи со 9 натпреварувачи и се закити со 3 бронзени медала и еден пехар.

Со бронзен медал се закитија во ката тим кадети /јуниори женски Елена Јончевска, Емилија Илковска и Леона Алиловска, Стефанија Петковска се закити со две бронзи во ката У21 и во кумите У21 -55кг.
Ова е голем успех за нас како клуб мегутоа е уште поголем успех за Битола , бидеќи Битола одамна не добила пласман во КФМ во кадети, јуниори и У 21 за на Балканско првенство.