Во периодот кога занаечиството во градот беше најразвиено, суштествуваа голем број определени пазаришта, на коишто се разменуваа разновидните стоки и суровини. Од сите нив попознат беше ,,Ат Пазар” што и сега се наоѓа на своето поранешно место. Исто така прочуено пазариште беше и ,,Овчи Пазар”.

Овчји пазар (Ески џамија)

Овој се наоѓаше на местото, кадешто денес се изградени повеќекатните згради во коишто живеат бегалците од Егејска Македонија. И големиот „Житни Пазар“ се наоѓа на местото каде што некогаш беше.

Житни пазар (Јавор)

На него се продаваа сите видови на житни култури. Прочуен беше и коларскиот пазар на кого се продаваа дрвените селски коли
и двоколки. Тој се наоѓаше во близината на местото викано ,,Ушици”.

Пространиот ,,Мас Пазар”, на кого се продаваа разновидни млечни производи, беше во месноста кадешто денесе се наоѓа големото општо градско пазариште. Покрај овие, во Битола постоеше и ,,Јемиш Пазар“ што беше зад денешната зграда на Околискиот државен архив. Истиот беше познат и под името „Кантар“. Во близината беа собрани и кондураџиите. Подолу, по течението на Драгор е Рибарницата, па Ленски Мост”, а во близината беше, Тус Пазар” и други.Во близината на Саат кулата беше ,,Пекмез Пазар”,

Пекмез пазар

нешто погоре ,,Дрвен Пазар”,

Дрвен пазар

во долната чаршија „Граф Пазар“, „Млечни Пазар“ и спомнатиот „Житни Пазар”. Освен овие дел од ,,Мас Пазар”, беше познат под името,,Кај Гајдаџиите“. Друг дел од истиот пазар беше познат под името ,,Кај Кожуварите“. Во близината на спомнатиот пазар едно катче од чаршијата се викаше ,,Кај Собаџиите”, а веднаш до нив беше и чаршијата „Кај Куменџиите“.Тука во пазарни дни се вртеа како брдарите така и ситарите. Дел од чаршијата познат под името „Кај Мутафчиите“ беше
во близината на некогашниот „Пипер Ан“. Телалските дукани се
наоѓаа зад денешната Судска зграда. Зарзаватчиите беа во Еврејската Чаршија и покрај Драгор од црквата „Св. Богородица” па нагоре

Еврејската чаршија

Касапите што се наоѓаа до мостот „Кај Мушон” се викаа горни касапи а оттаму надолу долни касапи. Сарафите беа зад ретко внесувано во поголеми димензии, поголем број на занаетчиските дукани во своите предни делови беше речиси наполно отворен.

За ова придонесуваше и самата клима. Тие делови беа затворувани со дрвени кепенци што дури кон крајот на 19. век започнаа да се затворуваат со метални капаци или ролетни. Ретко кој занаетчиски дукан имаше одделни простории за работа. Тоа значи дека мајсторите заедно со помошниците работеа во една просторија во која се изведуваа сите деловни потфати па и самото продавање на стоката.

Милош Хр. Константинов Занаети и еснафи во битолско 1959г.