1: Кирил Џајковски

2. Давид Моралес

3. Хернан Катанео

4. Том Нови

5. Морена и Том Боксер

6. Јуниор Џек

7. Соникју

8. Владо Јаневски и Банг Ла Декс

9. Влатко Лозановски и Акцент – Романија

После 7 – то издание по барање на публиката и големиот интерес настанот прераснува во двовечерен фестивал.

26-ти август 2022

По пауза од две години поради пандемијата, со особена чест и задоволство сакаме да Ве информираме дека 10тото јубилејно издание на ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО – Бела ноќ Битола ќе се одржи на 26 и 27 август (петок и сабота).
Ќе имаме комерцијална програма за сечиј вкус. Првата вечер, на 26 ти август (петок) ќе настапат милениците на Битолската публика – БИТОЛСКИ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР, заедно со Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Нико Ѓоергиевски, Ирена Димовска, Виктор Апостоловски, Дј Љубиша а ќе има и едно изненадување на вечерта.


27-ми август 2022

Втората вечер на 27 ти август во сабота свој настап ќе има мега популарниот (светско а наше) КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ.Претходно атмосферата ќе ја загреваат Дј Љубиша и Дј Ацика.
Оваа година плоштадот Гоце Делчев ќе биде претесен за посетителите. Да го направиме настанот најдобар и најмасовен досега.